Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдолгиот железнички тунел на светот неколку месеци ќе биде затворен за патнички сообраќај поради неодамнешно излетување на воз од шините. Швајцарските власти велат дека засега не можат да кажат кога тунелот Готхард повторно ќе биде отворен.
Шеснаесет вагони излетаа во несреќа на 10 август и оттогаш се заглавени во тунелот.
Отворен во 2016, Готхард се градеше 20 години и чинеше повеќе од 12 милијарди долари.
„Готхард е еден од најбезбедните тунели на светот. Фактот дека се случи ваква несреќа тешко нѐ погоди. За среќа, немаше повредени, но е причинета значителна материјална штета“, изјави директорот на националниот швајцарски железнички оператор СББ, Венсан Дикро.
Од компанијата велат дека ќе биде потребна замена на осум километри пруга и на 20.000 бетонски прагови. Една страна од тунелот не е погодена од несреќата и би можела да се користи за товарен сообраќај од 23 август.
Оваа железничка линија, долга 57 километри, минува низ Алпите и обезбедува брза врска меѓу северна и јужна Европа.