Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Семејство на едно дете убиено во мајскиот масакар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, поднело тужба против државата Србија, додека друго го тужи и училиштето во кое се случи масовното убиство.
Членови на семејствата на децата убиени во тоа училиште поднеле приватна тужба против 14-годишното момче убиец К.К. и неговите родители за надомест на нематеријална штета, објавија српски медиуми.
Порталот Нова наведува дека едно семејство ја тужи државата, а друго и училиштето.
Има вкупно 27 тужители.
Ученикот на училиштето К.К. на 3 мај уби осум девојчиња, едно момче и службеник на обезбедувањето, а рани пет ученици и наставничка.