Сончев и топол петок


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот 18-ти августовски ден во Македонија ни носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Попладне, главно во западните делови, облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната од 31 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 37 степени.

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде многу топло со дневни температури над 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.