Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Млад шпански матадор се здоби со потешки повреди кога бик го наби на роговите за време на борбата со бикови.
Толпата вреска од страв кога 28-годишниот Алехандро Конкеро бил набиен на рогови и неколку пати кренат во воздух во борба со бикови во Мадрид.
Вознемирувачкото видео го прикажува моментот кога бикот се нафрла врз младиот човек и почнува да го фрла во воздух. Можете да го видите и застрашувачкиот момент кога разбеснето животно му ги набива роговите право во ректумот.
Неколку други тореади брзо втрчаа во арената вооружени со розови и жолти наметки за да помогнат да се спаси момчето од полудениот бик.
La cornada a Alejandro Conquero ha sido horrible, estamos a la espera de un helicóptero que lo traslade al hospital. Que duro es esto , joder, que duro. pic.twitter.com/Y1fPZFtsk0
— Alfonso Ibarra ✝️🇪🇦 (@Aibabur) August 14, 2023
Алехандро бил пренесен во болница откако лекарите во арената му констатирале убод во пределот на анусот.
Конкеро е син на познатиот тореадор Хозе Конкеро познат како „Ураганот Хуелва“.