Дали на Трамп ќе му направат затворска фотографија?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доколку бившиот американски претседател Доналд Трамп биде приведен во Џорџија откако сојузната држава објави обвинение против него со 41 ставка, и биде фотографиран како дел од процедурата, тоа ќе стане најпознатата слика на нашето време, која тој неизбежно ќе ја искористи во својата кампања.

За разлика од досегашниот начин на кој Трамп беше третиран од американските власти за претходните три обвиненија, сега „има индикации“ дека ќе биде направена полициска фотографија од американскиот претседател како што налага востановената процедура.

Ваквата слика ќе биде идентично симболична и важна и за двете страни на Трамп универзумот и кај оние што се за и кај оние што се против него.

Се очекува дека освен медиумската вредност што сликата ќе ја има за кампањата и пораката на Трамп, тој ќе успее да собере и пари од неа откако по првите неколку обвиненија тој без проблем продаваше маички со својот лик монтиран на полициска фотографија за 36 долари од парче.

Објаснувајќи дека фотографијата од приведување е потребна само за полицијата да може да идентификува за кое лице се работи, во случај на пример да не се појави на суд, адвокатката од Флорида, Мишел Сускуер, за Маркетвоч изјавува дека ликот на Трамп е толку многу познат што од него воопшто не е потребна фотографија. Според адвокатката во секој случај крајната одлука останува на властите кои ќе го заведат поранешниот американски претседател.

„Тежината“ на фотката ќе зависи и од тоа како Трамп ќе се покаже на нејзе, дали ќе изгледа како да е сред целосен крах или ќе успее да ја задржи својата вообичаена арогантност. Процената е дека „скршен“ Трамп ќе биде далеку поиконска фотографија.