БЕСА обвинува за албанофобија кај македонските власти заради случајот со знамето со Голема Албанија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од БЕСА, партијата на тетовскиот градоначалник Билал Касами, конечно, на прес-конференција се огласија за инцидентот со веењето на знамето со Голема Албанија, но не за да обаснат кој и зошто веел знаме со голема Албанија или да го осудат случајот… туку со порака и обвинувања до македонските власти за ширење на антиалбанска реторика и будење на скриениот национализам по посетата на косовскиот премиер Курти, не само кај државните функционери, туку и во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинувајќи за соработка со скриена комунистичка идеологија помеѓу Скопје и Белград, нарекувајќи ја платформата Отвроен Балкан стара руска идеја која имала за цел промоција на проектот „руски свет“ на Западен Балкан, од БЕСА тврдат дека неофицијалната посета на Курти во земјава била во насока на добрососедска соработка помеѓу Македонија, Косово, Албанија и Бугарија, токму со цел борба против засиленото српското влијание во земјава и на Балканот.

И додека од Беса тврдат дека неофицијалната еднодневна посетата на Курти во змејава била во духот на добососедската политика, албански политички аналитичар Крешник Спахиу кометирајки ја посетата на косовскиот премиер, во изјава за албанскиот сервис на Еуроњус тврди дека Курти преку создавање политички конфликт во земајва се обидува да ја урне македонската Влада.

Во меѓувреме македонската полиција четврти ден трага по вејачот на знамето со карта на голема Албанија на собирот во Тетово. Оттаму за Канал 5 велат дека СВР Тетово во соработка со Обвинителството ги преземаат сите мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот.