Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска, среда, 9. август, времето во Македонија во утринските часови ќе бидепосвежо, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Во четврток ќе има преодно дестабилизирање на времето и локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и потопло време.