22 години од масакрот кај Карпалак


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска се одбележува 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски денеска положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп, каде што ја посети и спомен-собата.

Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот Св. Петка.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе ја предводат делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата која на Карпалак ќе положи венец во спомен на бранителите.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија 10 резервисти на Армијата.