Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решенија стави под надзор уште 11 луѓе од здравствен ризик за да се спречи ширење на конго-кримска хеморагична треска, откако Министерството за здравство соопшти дека оваа заразна болест е утврдена кај вработен на Клиниката за инфектоиивни болесто и фебрилни состојби од Скопје.
„Издадени се решенија за надзор за 10 члена на семејството на вработената на Клиниката за инфективни болести, како и за една нејзина колешка. Тие ќе бидат под здравсствен надзор во следните 14 дена. За првиот случај на заболен беа издадени 29 решенија за надзор, меѓу кои беше и вработената на Клиниката за инфективни болести. Сега со новите решенија, вкупно 40 луѓе се подз здравствен надзор“, вели Рената Младеновска директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од Министерството за здравство претходно соопштија дека кај вработената на Инфективна клиника симптомите на болеста се пројавиле деветиот ден од надзорот и дека екипи на Центарот за јавно здравје Скопје и ДСЗИ и по првиот случај на заболената пациентка од Штип и сега, направиле теренски увид, односно извршиле анкетирање на пациентот и ставање под надзор негови контакти.
„Еден од вработените на КИБФС кој беше како идентификуван контакт со среден ризик, на 9-тиот ден од надзорот, пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска. Пациентот е хоспитализиран на КИБФС, а ЕПИ Одделот на ЦЈЗ Скопје, веднаш формираше екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот, ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“, соопшти Министерството за здравство.
Решенијата на 29 луѓе што беа издадени за здравствен надзор во првиот случај на заболен од Конго-кримска хеморагоична треска истекуваат на 10-ти овој месец.