Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопското обвинителство донесе наредба за истрага против првиот возач под сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а за вториот возач е поведена постапка за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
За иселеникот во Италија се бара куќен притвор, додека за другиот возач се предложени мерки на претпазливост, пренесува Фокус.
На 31 јули, првиот осомничен, 41-годишен македонски државјанин со престојувалиште во Италија, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот на луѓето.
Тој, по левата сообраќајна лента од булеварот „Словенија“ во Скопје, во насока од запад кон исток, управувал автомобил „Мерцедес“ со италијански регистарски ознаки, па кога пристигнал пред крстосницата со булеварите „Македонско Косовска Бригада“ и „Босна и Херцеговина“ на која сообраќајот бил регулиран со семафор, постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и преку надолжната полна линија вршел обиколување на запрено возило. Потоа продолжил со движење и навлегол во крстосницата, свртувајќи во лево на запалено црвено светло на семафорот.
Притоа, не го пропуштил возилото “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кое се движело од спротивната насока по булеварот „Босна и Херцеговина“, управувано од другиот осомничен 39-годишен македонски државјанин и на крстосницата на зелено светло го задржувало правецот на движење, но без притоа да ја приспособи брзината на движење кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.
Како резултат на тоа, дошло до судар на двете возила, па автомобилот управуван од вториот осомничен излегол надвор од коловозот на пешачкиот разделен остров на северозападната страна од крстосницата и со десниот страничен дел удрил во телото од еден пешак.
Веднаш потоа возилото управувано од вториот осомничен продолжило со движење нанапред и во десно и со предниот дел удрило во метален столб од семафор, продолжило со движење во десно и повторно удрило во бетонски столб, бетонски ѕид и бетонска ограда од дворното место на ресторан.
Од ударот, оштетениот пешак се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ каде починал. Со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото на второосомничениот.