Финансиски и платежен хаос во Македонија: Visa и МasterCard картичките неколку часа не се функционални за употреба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската банкарска асоцијација упати информација до сите корисници дека дел од услугите на нивните членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија, се вели во соопштението од македоснакта банкарска асоцијација.

Од таму потенцираат дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите,“ вели Милена Перчинкова од банкарската асоцијација на Македонија.