Од денеска стапува на сила забрана за движење во шуми


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со владина одлука, од денеска стапува на сила забрана за движење во шуми.

За ова Владата донесе одлука синоќа и ги задолжи надлежните тела што стопанисуваат да прогласат забрана која ќе се операционализира од денеска (17 јули).

„Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер“, додаваат од Владата.

На подрачјето на Водно, пак, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Ваквата одлука доаѓа во период кога земјава се наоѓа во портокалова фаза од опасност поради високите температури. За заштита на населението, вчера беа продолжени и препораките и одлуките кои се однесуваат на ранливите категории и на работата на отворено.