Дизелот поскапува вечерва на полноќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од ноќеска на полноќ дизел-горивото ќе се продава по нова, повисока цена, додека бензините останува со истата продажна цена како и досега.

Од Регулаторната комисија за енергетика соопштуваат дека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Новата цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на екстра лесното масло 70 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат. Литар еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 80, а еуросупер БС-98 за 82 денара за литар.

За 0,755 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,784 денари.