Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалскиот ас Карим Бензема е нов член на саудискиот клуб Ал Итихад.
„Јас сум муслиман, Саудиска Арабија е муслиманска земја и затоа сакам да живеам таму.“, изјави тој.
Со него се преселила и неговата девојка Џордан Озуна, Американка која го прифатила исламот поради фудбалерот. „Преминав во ислам. Тоа беше овде во џамијата во Мадрид, мала и интимна церемонија. Плачев како мало девојче“, изјави таа за шпанскиот магазин Yo Dona.
View this post on Instagram
„Направив многу истражување за оваа религија и мислам дека е убава. Бев трогната од сѐ што прочитав за неа, за христијанин кој преминува во ислам, како мене. Навистина скапоцена книга“, додаде таа.
Љубовта на Карим и Џордан стана позната минатата година, откако на почетокот на јули беа видени заедно на јахта. Двојката се запознала во Лион, а како што тврди Џордан, таа тогаш не ни знаела дека се работи за еден од најдобрите светски фудбалери.
View this post on Instagram
„Кога го запознав Карим, не ни знаев кој е. Јас сум Американка, не знам многу за фудбалот”, открила таа еднаш.
Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка која се занимава со манекенство од мали нозе, а извесен период работела и како келнерка во Hooters.