Временска прогноза за претпоследниот јунски ден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, четврток, 29. јуни, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од утре температурата ќе биде во постепен пораст, но за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога се очекува и локално невреме, информираат од УХМР.