Јовев за Фокус со коментар за новиот директор на Кардиохирургија: „Ги избираат најнеспособните и Јуда за да можат да ги контролираат“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најнеспособните кадри ги избираат за директори, за да може да ги контролираат. Ваков коментар за „Фокус” даде разрешениот директор на скопската Кардиохирургија, доктор Сашко Јовев, откако вчера министерот Фатмир Меџити го назначи Марјан Шокаровски на негово место.

„Се избираат најнеспособните кадри и Јуда за да може да ги контролираат. Тоа е целта.”, вели доктор Јовев во изјава за „Фокус”.

Две недели по неговото разрешување, откако јавноста и лекарската фела се крена на нозе, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити назначи нов директор.

Пред десетина минути од Министерството за здравство излегоа со соопштение за назначувањето на новиот директор и со образложение на целата негова кариера.

На прашањето дали планира да тужи, разрешениот кардиохирург одговара:

„Ми ветуваа дека ќе ме вратат и затоа правно не преземав ништо. Ако не истекол рокот ќе тужам, ако не, ќе конкурирам на конкурсот за директор”, додава Јовев.