Сакале одблиску да ги видат остатоците од Титаник – сега животите „им висат на конец“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


48-годишниот Шахзада Давуд, еден од најбогатите луѓе во Пакистан, заедно со неговиот син Сулејман Давуд (19), се меѓу петтемина исчезнати во подморницата „Титан“, која се упатила кон остатоците од потонатиот брод Титаник, а потоа исчезнала. Спасувачите имаат сѐ помалку време да ја најдат подморницата, а експертите предупредуваат дека шансите се помали секој час.

Семејството Давуд е меѓу најбогатите во Пакистан, но има силни врски со Обединетото Кралство, а се верува дека Шахзада Давуд живее во замок во Сари со неговата сопруга Кристин, мотивационен говорник, синот Сулејман и ќерката Алина.

Таткото на Шахзада, Хусеин (79) е претседател на корпорацијата Давуд Херкулес, која произведува хемикалии, и корпорацијата Енгро, која произведува ѓубрива, храна и енергија. Роден е во Мумбаи, но се образувал на Универзитетот во Шефилд.

Таткото и синот биле во подморница која ги носела туристите да го видат познатиот брод кој се наоѓа на 3.800 метри под површината на Атлантикот. Се претпоставува дека исчезнатата подморница последен пат испратила сигнал кога се наоѓала директно над својата дестинација, бродот Титаник. Покрај британскиот милијардер Хамиш Хардинг, на бродот е и Пол-Хенри Наргеолет, светски познатиот истражувач, и извршниот директор на Оушн Гејт, кој е сопственик на подморницата Стоктон Раш, се верува дека е петтиот член на екипажот.

Билетот за оваа осумдневна авантура чинел околу 250.000 евра по човек, а екипажот, кој тргнал околу четири часот наутро во неделата, изгубил комуникација со матичниот брод на подморницата „Полар принц“ час и 45 минути по двочасовното спуштање. Екипажот има кислород до 12 часот во четврток.

Спасувачите објавија дека подморницата можела да се заглави во остатоците на Титаник, кој е на околу 600 километри од Њуфаундленд, Канада. Исто така, тие стравуваат дека пловилото е премногу длабоко за да ја спаси подморницата со екипажот и дека единствениот начин да се спасат е да се користи возило на далечински управувач. Подморницата комуницира со матичниот брод така што испраќа „пинг“ на секои 15 минути.

„Исклучително сериозна и страшна ситуација. Тешко е да се каже што всушност се случило кога целосно ќе ја изгубите комуникацијата“, изјави поранешниот чувар на крајбрежната стража Џон Миксон.

Крајбрежната стража истакна дека лоцирањето на подморницата е уште потешко поради остатоците од бродоломот.

Подморницата е изработена од јаглеродни влакна со дебелина од 12 сантиметри, на врвот со купола од титаниум на секој крај. За да се движат, подморниците „Титан“ се потпираат на пораките од матичниот брод, кој го дал правецот на движење.