Бебе Реџа „леташе“ орел со рацете на сцена, па ја погодија со мобилен во глава (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За време на нејзиниот настап на The Rooftop во Њујорк, пејачката Бебе Реџа беше удрена со мобилен во глава кој го фрли некој од публиката.

Пејачката колабира од болки, а набрзо на сцената пристигна и нејзиниот тим да ѝ помогне. Инцидентот се случил при крајот на концертот, кога таа се збогувала со публиката и „летала орли“.

Видеото од инцидентот набрзо стана вирално, а нејзината мајка изјавила дека пејачката добила три конци.

Обожавателите кои присуствуваа на концертот тврдат дека го пронашле човекот кој го направил тоа, а неговата фотографија кружи на социјалните мрежи.

Реџа до тој момент добро се забавуваше и покани еден фан да пее I’m Gonna Show You Crazy на сцената.