Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шведска е на добар пат да стане прва земја во светот каде не се пуши, ако се знае дека помалку од 5 отсто од возрасната популација пуши.
Таа треба да ја постигне оваа значајна пресвртница во наредните месеци – 17 години пред целта на ЕУ за 2040 година, со пад на стапките на пушење од 15 отсто на 5,6 отсто во последните 15 години.
„Ниту една друга земја на ЕУ не е ни блиску до ова“, изјави за Euronews д-р Делон Хуман, коавтор на извештајот „Шведското искуство: патоказ за општество без чад“.
Тој укажа на „револуционерната стратегија“ на Шведска за справување со пушењето, истакнувајќи како им се помага на пушачите да се префрлат на „помалку штетни“ алтернативи, како што се снус, никотински торбички и вапс.
„Ова доаѓа во време кога другите земји ја забрануваат употребата на производи со намален ризик“, продолжи д-р Хуман.
Популарен во нордиските земји, снус е вид на сув тутун кој се става на непцата. Неговото продавање е нелегално во секоја земја на ЕУ – бар во Шведска и Хрватска, иако на широко се користи во Финска, Данска и Естонија.
Снус е поврзан со зголемен ризик од рак на устата и грлото.
Објавувајќи војна против пушењето, Португалија неодамна забрани електронски цигари да се пушат на отворени простори до јавни згради, по сличните чекори кои ги презедоа неколку други европски земји.
„Нема тутунски производи без ризик, но електронските цигари, на пример, се 95 отсто помалку штетни од цигарите“, изјави д-р Хуман за Euronews. „За пушачот е многу подобро да се префрли од традиционалните цигари на алтернативни производи отколку да продолжи да пуши“.
Иако се подобри за човековото здравје, вапените влијаат на животната средина.
Од друга страна отпадот од тутун – е еден од најголемите извори на загадување со пластика во светот – секоја секунда во Велика Британија се фрлаат две електронски цигари, покажува истражувањето на Material Focus.
Какво влијание има престанувањето со пушењето врз Шведска?
И се исплати.
„Придобивките од стратегијата на Шведска се огромни“, рече д-р Хуман.
Тој укажа на статистиката која покажува дека земјата има најмал процент на болести поврзани со тутунот во ЕУ и 41 отсто помала инциденца на рак од другите европски земји.
Швеѓаните, исто така, имаат речиси 40 отсто помала стапка на смртност од болести поврзани со тутунот, како што се мозочни удари, срцеви и белодробни заболувања, емфизем и хроничен бронхитис.
Иако им помогна на пушачите да им се обезбеди поголем избор на алтернативи, образованието и мерките за контрола на тутунот, исто така, им помогнаа на луѓето да се откажат од пушењето.
Бројките на Фондацијата за даноци покажуваат дека цигарите биле оданочени со 4,51 евра во Шведска во 2021 година, што е околу просекот во ЕУ.
Франција и Ирска наметнуваат највисоки давачки за употреба на цигари во ЕУ, додека Бугарија и Полска наметнуваат најниски.
Smoke Free Sweden, група која спроведува кампањи, вели дека трендот на „гасењето на цигарите“ спасува повеќе од 3.400 животи секоја година, додавајќи дека 2,84 милиони животи ширум ЕУ би можеле да бидат спасени, доколку блокот го следеше нивниот пример.
Невладината организација се обидува да ги прошири своите напори во други земји, како што е Бразил, тврдејќи дека има „подарок за јавно здравје“ за светот.
Највисок процент н пушачи во Европа има Бугарија каде 28,2 отсто од населението консумира тутун дневно; потоа Турција (27,3 отсто), Грција (27,2 отсто), Унгарија (25,8 отсто) и Летонија (24,9 отсто), покажуваат податоците на европската статистичка агенција Еуростат.
Грците беа историски едни од најтешките пушачи во Европа. Сепак, студиите покажаа дека бруталната економска криза во земјата предизвика пад на потрошувачката.
Шведска со години се бори со цигарите. Пушењето беше забрането во сите барови и ресторани на почетокот на 2005 година.
Во 2019 година, забраната беше проширена и на масите од кафулињата на отворено и ресторани, како и јавни места.