Тројца вооружени косовски специјалци уапсени на српска територија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Специјалните единици на српската полиција денеска уапсиле тројца вооружени косовски специјалци на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС.

Наведено е дека за акцијата бил информиран претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Новости“ објави фотографии за кои тврдат дека се направени по апсењето на тројца припадници на косовската полиција. На фотографиите се гледаат уапсените како и автоматски пушки, опрема за надзор, радио врски, мапи…

Албанскиот сајт „Коха“ наведува дека настанот се случил во близина на административниот премин Јариње.