Едниот „давам премиерска функција“, другиот „ајде на избори“ – така „си играат држава“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски изјави дека во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори, подготвен е на Христијан Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната влада.

„Јас сум потписник на предлогот за уставните измени. Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест, јас со задоволство ќе му ја отстапам“, изјави премиерот Ковачевски.

Ковачевски оваа понуда ја дава, како што рече „во интерес на спроведување на уставните измени“. Целта, како што рече, е заеднички да ја донесат одлуката за уставните измени и да се продолжи патот за евроинтеграциите.

За Ковачевски битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија.

Во моментов предлгогот за уставните измени е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието. За уставни измени, ако се почне во овој момент, потребни се најмалку три и пол месеци,.

Целта на навремено спроведување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка е забрзување на процесот на преговори, од старт затворање на две поглавја, забрзување на евроинтеграцијата, а тоа пак овозможува поврзување со европските пазари, економски раст, повеќе инвестиции, извоз, нови работни места, брифираат од Владата.

За Владата суштински е да продолжи дијалогот со опозицијата за обединување во однос на уставните измени. Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група.

Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека немаат намера да учествуваат во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, дека имале јасни позиции, од кои не отстапуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, имавме јасни позиции, од тоа нема поместување. ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција. За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење. Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој кој дава или зема, тоа го прави само народот на избори“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.