Јовев најави тужба против министерот Меџити ако тој не ја преиначи одлуката за разрешување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската јавност неколку дена ја бранува случајот со смената на директорот на Кардиохирургија, Сашко Јовев, кому денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на брифинг со новинарите му понуди да стане негов советник, но и дека на овој начин ќе може повеќе да им се посвети на пациентите.

Со тоа стави до знаење дека сега за сега нема никаква намера да ја промени одлуката околу разрешувањето на професорот Јовев.

Фокус“ пренесува дека го контактирале кардиохиругот, кој го прашаваме дали слушнал за понудата на актуелниот министер да биде негов советник.

„За ова слушнав од медиумите. Моето место е само како директор на Кардиохиругија“, беше дециден доктор Јовев.

На прашањето од „Фокус“ дали планира да го тужи министерот ако не ја промени донесената одлука, рaзрешениот кардиохирург истакна:

„Ако не ја промени, ќе го тужам“, додаде Јовев.