Home Спорт Инспекторите од УЕФА предложиле Барселона да биде исфрлена од Лига на шампиони

Инспекторите од УЕФА предложиле Барселона да биде исфрлена од Лига на шампиони

Шпанските медиуми пренесуваат дека тимот инспектори кој ја чешлал документацијата на Барселона за „случајот Негреира“ дал предлог клубот од Камп Ноу да биде исфрлен од Лигата на шампиони.

Во март месец, УЕФА отвори истрага против Барселона за „случајот Негреира“ и исплатените милионски суми на поранешниот потпретседател на судиите.

Како што пренесува АБЦ, инспекторите за етика и дисциплина кои ја чешлале документацијата предложиле Барселона да добие забрана за настап во Европа на една година.

Извештајот кои тие го подготвиле ќе биде испратен до Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА ќе го има последниот збор за тоа дали Барса ќе биде исфрлена од Лигата на шампиони.

Останува да се види каков потег ќе биде повлечен, ситуацијата е деликатна поради тоа што постои можност УЕФА да ја казни Барселона, па потоа „каталонците“ преку шпанските судови да ја докажат својата невиност во „случајот Негреира“ и да достават мултимилионска тужба против европската куќа на фудбалот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…