Некогаш шампионка на Вимблдон, денеска печали на „Онли Фанс“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некогашната руска тенисерка Софија Жук отвори профил на платформата „Onlyfans“, каде планира да заработува со прикачување на своите жешки фотографии.

Пред осум години атрактивната Софија многумина ја споредуваа со нејзината многу попозната и трофејна сонародничка Марија Шарапова.

Софија Жук стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2015 година, победувајќи ја сонародничката Ана Блинкова со 7:5, 6:4 во битката за трофејот.

Тогаш имаше само 16 години, познавачите на белиот спорт и предвидуваа голема кариера и ја споредија со славната Марија Шарапова и по талент и по убавина.

Но потоа убавата тенисерка започна често да се повредува , имаше огромни проблеми со грбот, поради што беше принудена да ја заврши кариерата многу рано уште во 2019 година.

– На моето тело му требаше одмор. Мојата состојба беше толку лоша што дури и лекарите не сакаа да ме лекуваат. Грбот ми се чувствуваше како да имам 60 години – изјавила Софија.

Имаше само 20 години кога ја заврши кариерата во тенисот, најдобриот пласман во сениорска конкуренција и беше 116-то место, а во кариерата од белиот спорт заработи околу 400.000 долари. Сега Софија одлучи да живее само од убавина и да им наплаќа на фановите за своите фотографии.

– Се занимавам со манекенство, но сакам да се занимавам и со нешто друго на страна. Дојде моментот што го чекавте. Отворив сметка на „Onlyfans“ – открила Жукова.

Сепак, една работа никогаш нема да ја направи. Нема намера да се слика целосно гола.