Македонски државјанин ранет во пукотница во белградската населба Врачар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


21-годишниот Д.Л. од Македонија синоќа бил ранет во улична престрелка во Белград и се наоѓа во Ургентниот центар на хируршки третман, пренесува МКД.мк повикувајќи се на информации од македонското Министерство за надворешни работи.

Српските медиуми претпоставуваат дека македонскиот државјанин бил случајно ранет.

Очекуваме нови информации од Амбасадата и надлежните органи на Србија, за што дополнително ќе известиме, велат од МНР.

Вчера две лица биле ранети во пукањето во белградската населба Врачар, на аголот на улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“. Македонскиот државјанин Д.Л. добил две прострелни рани во грбот. Второто лице по кое било пукано, А.П. (26) бил ранет во натколеницата. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин случајно се нашол на местото на пукањето и бил погоден.

„Ранетиот Д.Л. бил донесен од негов пријател во влез во соседната улица. Таму тој го сокрил ранетото момче и повикал полиција и брза помош“, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.

А.П. бил познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво, а по него била активна и потерница за издржување затворска казна.

Напаѓачот е во бегство.