Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами, пред да стане прв човек на оваа институција мислел дека метрологијата е нешто што е поврзано со временската прогноза. Селами ова го изјави во говор по повод свеченоста за одбележувањето на Светкиот ден на метрологијата.
„Метрологијата нема врска со временска прогноза. Да ви кажам, јас до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето. Но, метрологијата го одбележува влијанието на мерењето врз нашиот секојдневен живот. Метрологијата е важна затоа што точните и конзистентни мерења овозможуваат фер трговија, гарантираат квалитет во производството и поддршка на иновациите. Точни мерења се во функција на безбедноста, здравјето и квалитетот на живот“, рече Селами.
39-годишниот Селами е магистер по политички науки со положени правосуден и нотарски испит. Претходно беше заменик-директор на Управата за јавни проходи (УЈП).