15 месеци затвор за анестезиологот кој снимаше на тетовското одделение за гинекологија и снимката ја објави на ТикТок


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Анестезиологот Ваљтон Дервиши од тетовската болница денеска беше изведен на обвинителна клупа за обвинението што Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово му го поднесе поради тоа што снимаше пациентки и видеото го објави на социјалната мрежа Тик-ток.

Тој денеска призна вина и рече дека се кае за стореното, а тетовскиот суд уште истиот ден ја објави пресудата – една година и три месеци затвор.

Анестезиологот се гонеше за делата несовесно работење во служба и неовластено снимање.

„Обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што очигледно постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“,

рекоа од ОЈО Тетово кога го поднесоа обвинението на 22 април.
Поднесено обвинение против тетовскиот анестезиолог кој објави снимка од пациенти на Тик-ток

Скандалот со снимката што ја емитуваше анестезиологот предизвика лавина реакции, тој веднаш беше суспендиран од работа, а Судот на честа при Лекарската комора одлучи на седум години да му ја одземе лиценцата за работа.

Тоа беше максимална казна што Лекарската комора можеше да ја изрече за етички прекршок во работењето.