Дојави за бомби во 115 белградски училишта


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српското Министерство за образование потврди дека денеска дојави за бомби стигнале на адресите од 78 основни и 37 средни училишта во Белград.

Во тек е проверката на антитерористичките екипи од српското МВР.

Учениците и вработените, пак, се евакуирани.

Наставата на учениците од прва смена, велат од Министерството за образование, е прекината додека да се завршат проверките. Во одредени училишта проверките завршиле и учениците се вратени во школските клупи.