Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерот за здравство Фатмир Меџити ги искористи социјалните мрежи да се пофали дека во Клиничкиот центар Мајка Тереза се правело генерално и темелно чистење.
„За време на викендот, спроведовме акција- генерално и темелно чистење на клиничкиот комплекс. Посебен фокус ставаме на грижата за хигиената, што е значајно и за пациентите и за здравствените работници“, се вели во објавата на официјалната фејсбук-страница на Министерството за здравство.
Има време, ќе дојдеме пак до моментот кога здравјето ќе биде единствен примарен интерес во македонското здравство. А дотогаш „да се радуваме и кога џогерот и метлата играат оро по болниците“.