Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Времето во Македонија денеска, вторник, 16. мај, ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Скопје 21 Целзиусов степен, Маврово 14, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка 20, Берово 18, Кавадарци 22, Дојран 23.
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.