Вчера започна со работа македонската берза за струја – еве како помина првиот берзански ден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По 18 години од склучувањето на првиот меморандум со кој МЕПСО декларираше дека сака и може да прави берза за струја (декември 2005 година), вчера на 10 мај 2023 година, профункционира Македонската берза за струја со порамнување на првите трансакции со електрична енергија од страна на берзанскиот алгоритам, пренесува Фактор.мк.

Да, прометот е симболичен во споредба со соседните пазари на електрична енергија, но за нас и повеќе од важен. Затоа што почнува една нова ера во која има два клучни исчекори кои поставуваат нови стандарди по што нема назад.

Првиот е тоа што цената за еден мегават електрична енергија ќе ја пресметува легален, признаен и проверен софтвер на кој „никој не може да му се јави и да му се меша или суфлира“ и таа цена ќе ја вади транспарентно за секој час во едно деноноќие.

Вториот е тоа што берзата како организиран пазар за струја гарантира дека продавачот на струја сигурно ќе ги добие сите пари навреме за продадената струја, а купувачот ќе ја добие навреме струјата што ја платил.

За фирмите и за граѓаните потрошувачи ценовниот сигнал постигнат на берзата значи навремена и точна информација која е квалитетен катализатор за носење на деловни одлуки.

За потенцијалните инвеститори во генератори на струја ценовните информации на берзата значат квалитетет инпут за анализи кои треба да бидат основа за одлуки за вложување во капацитети за производство на струја.

Вкупниот промет со струја на берзата вчера изнесува 39.714 евра. Беа устргувани вкупно 341,6 мегаватчасови струја за сите 24 часа која ќе биде испорачана и потрошена денеска (11 мај 2023 година). Истргуваната количина се очекува да биде до 2 отсто од целата потрошувачка на струја во македонскиот електроенергетски систем

Највисока цена е постигната за 21 часот (9 вечер) денеска и незината цена изнесува 170 евра за еден мегават час. За тој час купени се вкупно 12 мегаватчасови струја.

Најниска цена е постигната за 4 часот ова утро и нејзината цена изнесува 91 евро за еден мегаватчас. Истргувани се 21,3 мегаватчасови.

Најголема количина струја е купена за 7 часот утрово. Станува збор за 23,1 мегаватчасови, а цената е 112 евра за еден мегаватчас.

Цената за еден мегаватчас набавен за период од 24 часа (банд или базна цена) изнесува 115,8 евра за еден мегаватчас, а цената за скапите часови (пик цена). Вообичаено важи за набавка во часовите од 8 наутро до 22 навечер.