Холивудските писатели и сценаристи на штрајк против филмските студија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во САД, илјадници телевизиски и филмски сценаристи од Холивуд вчера започнаа да штрајкуваат, откако во последен миг биле прекинати преговорите со големите студија за исплатите.

Во штрајкот на Здружението на писатели на Америка, прв последниве 15 години, ќе учествуваат повеќе од 9.000 писатели, што е околу 98 отсто од членовите. Ова може да влијае на емисиите закажани за вечерва, додека претстојните серии и филмови можеби ќе бидат одложени.

Писателите се во судир со Здружението на филмски и ТВ-продуценти, коешто ги претставува големите студија, како „Дизни“ и „Нетфликс“. Така, првите бараат поголем дел од заработката од стрим-услугите.