Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Mинатото лето Александар Исак пристигна во Њукасл како најскапо засилување во историјата на овој клуб за 70 милиони евра од Њукасл.
Во Њукасл му оди одлично и на 23 натпревари постигна 11 гола, а сигурно дека бројките ќе му беа подобри акјо не беше надвор од терените три ипол месеци поради повреда. Во вчерашниот натпревар против Евертон тој блесна и со една мајсторија каква што не се гледа често.
Се играше 74-тата минута кога изведе маестрален солопродор за потоа да асистира до својот соиграч, Џејкоб Марфи на кого не му беше тешко само рутински да ја смести топката во мрежата.
Alexander Isak, Everton’ı üzüyor. pic.twitter.com/hPHPjvKtn1
— Pusholder Sport (@pusholdersport) April 27, 2023
„Исак беше Марадона, Златан и Бензема во едно“, гласеше описот на „Марка“ за овој потег.
Дефинитивно ова е главниот кандидат за асистенција на сезоната.