Наводна изјава на првиот човек на Ал-Наср: Два пати ме измамиле во животот – еднаш за три ќебапи и еднаш за Роналдо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо на почетокот на оваа година го напушти највисокото ниво во европскиот фудбал и замина во Саудиска Арабија во Ал Наср каде што заработува околу 200 милиони евра.

На 14 натпревари за Ал Наср постигна 11 голови, но неговиот тим испадна од купот, а тешко дека ќе дојде и до лигашката титула. Сето тоа го натерало претседателот на клубот Мусаил Ал-Муамар да ја критикува португалската ѕвезда.

За него посебно болно е испаѓањето од купот, па медиумите пренесуваат изјава која наводно тогаш ја дал за арапските медиуми.

„Во животот само двапати ме измамиле. Првиот пат кога нарачав три кебапи, а добив два. Втората измама е потпишувањето на Кристијано Роналдо со клубот“, наводно изјавил Ал-Муамар.

Сепак останува отворено прашањето дали оваа изјава, која ја пренесува и „Мундо Депортиво“ навистина билка кажана.