Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најмалку шест лица ги загубија животите во денешниот руски ракетен напад на Украина, во кој првпат по 51 ден беше гаѓан и Киев.
Жена и нејзиното тригодишно дете загинале во Днепар, а четворица цивили загинале откако била погодена деветкатница во градот Уман во централниот регион Черкаски, која притоа е тешко оштетена. Во нападот на Уман има и 17 повредени, кажаа локалните власти.
Експлозии се регистрирани и во Кременчук. Миколаив и Полтава, а од 23 проектили испукани кон Киев, 21 бил соборен, кажаа властите. Шефот на градската воена управа изјави дека ова е првиот руски ракетен напад на Киев во последните 51 ден.
Нападот следува додека украинските сили се подготвуваат за пролетна противофанзива со помош на добиените нови модерни оружја од западот.