Во Турција блокирани сметките на здравствената групација „Аџибадем“ –


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сметките на една од најголемите и најстарите турски здравствени групации, познатата „Аџибадем“, се блокирани поради долгови кои групацијата не може да ги подмири, јавуваат турските медиуми.

Имено, блокирана е Аџибадем Здравствената групација, која е една од најголемите турски синџири на приватни болници, и која што има болници во речиси секој град во Турција.

Болницата не може да плати долг кон Белен Иншаат, па затоа Канцеларијата за извршување во Истанбул донесе шокантна одлука со која сметките на оваа болница се блокираат.

Според информациите на тамошните медиуми, се работи за долг за кирија кој изнесува 4 милиони и 241 илјади лири.

Здравствената групација „Аџибадем“ е еден од најголемите турски приватни здравствени синџири и има болници во речиси секој град во Турција. Таа повеќе од една деценија работи и во Македонија, откако влезе како инвеститор во приватната болница „Систина“.