Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Просечната месечна нето-плата по вработен во Македонија, во февруари годинава, изнесувала 33.720 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %).
Намалување, пак, на просечната нето-платапо вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.7 %), Рударство и вадење на камен (9.2 %) и Дејности во врска со недвижен имот (6.1 %).