Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белоруската компанија за производство на мебел, „Swed House “, чии производи изгледаат како оние на шведскиот гигант ИКЕА, ја отвори својата прва продавница во Москва.
Компанијата ИКЕА го суспендираше целото производство и продажба во Русија веднаш откако таа земја започна конфликт со Украина.
„Ние не сме ИКЕА, но имаме намера да бидеме како ИКЕА. Имаме сопствен бренд, наши производи. Да, имаме и производи од ИКЕА. Ги продаваме, а 15 до 20 отсто од нашите производи се оригинални производи на ИКЕА. Никој не ни забрани да го правиме тоа. Производите од нашата „Swed House “ се многу барани“, изјави генералниот директор на „Swed House “ Мамедали Касимов, пренесоа медиумите.
„Swed House“ планира да отвори пет продавници во трговските центри во Москва, пред да се прошири во другите руски региони следната година, додаде Касимов.
ИКЕА накратко ја обнови онлајн продажбата минатото лето, а дел од таа компанија се уште работи во 14 руски мегапродажни центри.