Бујар вели: Не бива „македонски Бугари“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, ја отфрли можноста формулацијата „македонски Бугари“ да биде впишана во македонскиот Устав. Како што изјави тој денеска, Бугарите во Уставот можат да бидат внесени единствено како дел од бугарскиот народ, и никако поинаку.

-Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот – рече Османи.

Спорната формулација ја даде претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пред неколку дена изјави дека лично се залагал за впишување на „македонските Бугари“ во Уставот.

Во оваа насока министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска порача дека уставните измени се неопходни за влегување во последната фаза пред членство во Европската унија. Според него, ако го пропуштиме овој момент, можно е да мораме да ги направиме истите уставни измени по 10 или 15 години.