Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Предвелигденскиот Велики четврток во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневната температура ќе достигне до 22 Целзиусови степени. Маврово 14, Охрид 18, Битола 21, Крива Паланка и Берово 18, Кавадарци 22, Дојран 24.
Утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).
Во Скопје променливо облачно, претпладне ќе има пороен дожд со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Дневните температури ќе се движат од 8 до 19 степени.