Тројца Македонци загинаа во стравична сообраќајка во Италија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајна несреќа во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, пренесува Телма.

Според првичните неофицијални информации кои ги пренесоа италијанските медиуми, во автомобилот со кој се превезувале тројцата македонски државјани кои живееле во месноста Асти, синоќа некаде после 22 часот се судриле со автомобил управуван од 23-годишник исто така од Асти. Во несреќата животите ги загубиле З.С. (33 години) од Македонска Каменица, А.К. (31 година) од селото Саса и В.И. (30 години) од село Пекљани, Виничко. На самотот место на несреќата загинал и 23-годишникот кој бил сам во другото возило. Двете возила, мини комбе и седан, биле целосно уништени во сударот, кој според полицијата се случил фронтално.

На местото на несреќата синоќа интервенирале два пожарникарски екипи, екипи на брза помош и полицијата.

Потврда за несреќата стигна и од македонското МНР.

Претставниците на конзулатот и амбасадата, како што наведуваат од МНР, веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите и им се на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на загинатите од Италија во Македонија.