Навивач со сатар тргна да дели правда на теренот (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Публиката од балканските фудбалск терени навикна да гледа многу шокатни сцени, а една таква ни доаѓа од натпреварот помеѓу Срем и Слога Вогањ од пониските српски лиги.

По една мешаница на теренот фудбалерите се расправаа со главниот судија, а веднаш потоа на теренот влета маж со месарски нож.

Во кадарот може да се види како навивачот ја прескокнува оградата и влегува со сатар на теренот. Натпреварот како што пишуваат српските медиуми бил прекинат при резултат 1:0, наводно станувало збор за непосточки гол на домашната екипа.

Навивачот многу брзо бил отстранет од теренот и за среќа се се завршиле бес посериозни последици за фудбалерите и редарите. Според најавите многу веројатно тој ќе добие забрана за посета на спортски натпревари, не е исклучено да заработи и кривична пријава.