Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ограничената серија на пиво наречено GigaBier се произведува во Германија, а доаѓа во кутија со три стилски и префинети шишиња од 333 мл (0.33 л.). Значи, пакувањето содржи вкупно околу литар пиво со 5% алкохол, кое е „варено за киборзи, направено од луѓе“, а кое се нуди по цена од 89 евра.
На почетокот веќе е јасно дека дизајнот на шишињата во голема мера се потпира на „Cybertruck“, што е наведено во описот на пивото. Тие се повикуваат на 500-годишната традиција на германскиот закон за чистота на пивото (Reinheitsgebot). Да потсетиме дека Тесла го најави своето пиво уште во 2021 година, кога Илон Маск најави производство на пиво, но и изградба на железничка станица во рамките на компанијата.
Brewed for cyborgs, made by humans—Giga Bier now available → https://t.co/5IBX8ymKa4 pic.twitter.com/R3vYgqKrx7
— Tesla Europe (@tesla_europe) March 30, 2023
Тесла не е единствениот производител кој се обидел во индустријата за пијалоци и храна. На пример, Фолксваген ги произведува своите колбаси 1973 година.