Бившата француска помошничка-министерка позираше за насловната на „Плејбој“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешната помошничка-министерка за државјанство и секретарка за родова еднаквост на Франција, Марлен Шјапа ќе се појави на насловната страница на априлското издание на списанието „Плејбој“ за Франција.

Овој нејзин ангажман наиде на критики од дел од јавноста.

Интервјуто со министерката на претседателот Емануел Макрон ќе опфати 12 страници од изданието и таа ќе говори за правата на жените и ЛГБТК-заедниците. Иако ќе биде целосно облечена, нејзината одлука да се појави во „Плејбој“ беше критикувана од некои политичари, бидејќи тоа се случува во време на големи социјални немири поради пензиските реформи на Макрон. Имено, француската премиерка Елизабет Борн наводно ѝ се јавила и ѝ рекла дека фотографиите се нешто „несоодветно, особено во сегашните околности“. На критиките се приклучи и Сандрин Русо, претставничка на Зелените.

– Каде е почитта за францускиот народ!? За луѓето кои ќе треба да работат уште две години повеќе, коишто демонстрираат, кои нема да бидат платени деновиве, кои не можат да јадат поради инфлацијата. Немам проблем со тоа што женските тела се изложени насекаде, но овде има и општествен контекст, изјави таа.

Шјапа, која патем, е мајка на две деца, на Твитер им одговори на критичарите.

„Ги бранам правата на жените да прават што сакаат со своето тело – секаде и во секое време. Во Франција жените се слободни. Без разлика дали тоа им пречи на ‘заостанатите’ и лицемерите или не“, напиша таа.