Поевтини и со послаб квалитет: Увозот на овошје и зеленчук „ги јаде“ домашните производители


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Увозот на зеленчук од втора и трета класа ја турка цената на македонските производители на овошни и зеленчукови култури.

Албанскиот домат или грчката пиперка се од 20 до 50 денари поевтини од домашните. Намалувањето на земјоделските површини, се причина за Македонија станува увозно орјентирана држава, коментираат земјоделците. Поради тоа што немаме домашно производство и кромидот достигна вртоглава цена. Еден килограм се продава по 100денари..

„Немаме наше производство. Македонија оваа година ќе биде увозно орјентирана држава. Се намалува производството, нема кој да работи, младите избегаа од државата.Тражат од увозното, од тоа земат, од нашето не сакат. И по 10денари да му го дадеш, пак ќе го земе од тој што прекупил„ коментираат продавачите.
Речиси 90% од краставиците и доматите што се продават на зелените пазарите се увезени. Ниту сомнителниот квалитет на производите не можат да ги спречат граѓаните во намерата да купат поевтино.Скапите репромтрејали и енергесите го прават неконкурентно домшното производство.

„Од увоз производите се втора и трета класа, не се прва класа и зaтоа ја рушат цената на домашното производство. Нашите оранжерии поради високите сметки за струја го намалија производството, плaшејќи се од зголемените производствени трошоци и затоа немаме доволно количина„ вели Димче Колев, шеф на Градски пазар-Штип
Списокот со овошје и зеленчук чии цени ќе бидат змрзнати, е веќе направен, но граѓаните прашуваат како ќе се замрзни цената на увезените производи, кои ги преплавуват зелените пазри низ државата.