Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
59-годишниот Даниел од Загорје, Хрватска, кога почнал да јаде салата со алкохолен оцет, не ни можел да сонува дека поради тоа ќе остане без работа. Иако звучи неверојатно, за време на редовното тестирање тој „дувал“ 0,18 промили, поради што веднаш бил отпуштен од функцијата разводник на железницата.
Даниел до јуни минатата година работел како разводник на Главната железничка станица во Загреб.
Правилата на Хрватската железница се строги и не толерираат присуство на алкохол поради високата одговорност за работата што ја вршат. Така, поради 0,18 промили алкохол во крвта, Даниел веднаш добил отказ, пишува порталот „Кодекс“.
Сепак, решил да се жали на суд. Во претставката изјавил дека има 39 години стаж, од кои 28 во железница и дека никогаш не било утврдено дека пиел на работа, а повеќепати бил тестиран. Тој изјавил дека вечерта пред да биде тестиран, јадел салата со алкохолен оцет.
Тој додаде дека во последните три години не пие и не пуши.
Судот му поверувал и констатирал дека концентрацијата на алкохол во крвта му била ниска и дека тоа не влијаело на неговото однесување или безбедноста во сообраќајот.
На Даниел му одело во прилог и тоа што е во лоша финансиска состојба и што издржува два сина, од кои едниот е студент.
Судијата на Општиот суд го вратил на работното место возач на разводна табла, а Хрватски железници се должни да му ги надоместат трошоците на постапката.