Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Командантот на руските падобрански сили, Дмитриј Лисицки, кој важеше за еден од најозлогласените команданти на Путин, е пронајден мртов, пренесува Украинска Правда.
За неговата смрт кружат две верзии – во едната се вели дека се самоубил, додека во другата се наведува дека е убиен од Вооружените сили на Украина, пренесува А1Он.
Блогерот Јегор Гузенко, кој служеше под команда на Лисицки, ја пријави неговата смрт пред три дена. Лисицки беше командант на 1-от јуришен баталјон на 247-от гардиски јуришен полк на руската армија. Блогерот тврди дека е ликвидиран од Украина и дека тоа е „одмазда за Иловајск“ – масакрот на стотици украински војници и доброволци во регионот на Доњецк во 2014 година, кој Лисицки го надгледувал.
„Тој претрпе големи загуби минатата година во близина на Харков“, тврди Бутусов.
Подоцна и украинските медиуми објавија дека вооружените сили на Украина го убиле Лисицки.
Руските медиуми, пак, тврдат дека Лисицки си го одзела животот. Неговото тело наводно било пронајдено со прострелна рана околу 10 часот на 26 март во неговиот стан во Ставропол на улицата Серова. Неговите колеги тврдат дека Лисицки во последно време бил во депресија и зборувал за одземање на животот, наводно „поради поплаки за неговите незаконски постапки кон неговиот персонал“.
Смртта на потполковникот за порталот База ја потврдил Александар Тенков, началник на округот Благодарненски од Ставрополската територија, без да ја прецизира причината.
Лисицки учествувал во речиси сите војни што ги започна Русија, особено во Абхазија, Дагестан и Чеченија. Тој, исто така, командуваше со борбената тактичка група на 247-от полк, која ги нападна единиците на вооружените сили на Украина во Иловајск во 2014 година.