Блумберг тврди дека платеничката група „Вагнер“ полека ќе се повлекува од Украина и ќе се враќа во Африка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лидерот на паравоената платеничка формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се подготвува да ги намали операциите во Украина, тврди Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори. Пригожин, наводно, ќе ја враќа „Вагнер“ на своите мисии во Африка.

Претходно, тој апелираше до Кремљ за достава на повеќе оружје пред да почне украинската пролетна офанзивa. Се плашеше од намерите на Украина да ги отсече единиците на Вагнер од главните сили на руските вооружени сили.

„Пригожин рече дека забележал дека додека неговата група е „зафатена“ во Украина, САД и другите земји „активно се обидуваат да ја поделат африканската пита“ и да воведат санкции на сите што го попречуваат овој процес“, пишува агенцијата Анадолија.

Инаку, претходно беше објавено дека групата Вагнер регрутира 30.000 борци во Русија. За Вагнер, беше соопштено дека од 50.000 војници, останале само 10.000 додека другите се загинати, ранети или исчезнати. Многу Руси кои избегаа од мобилизацијата сега се во Монголија каде почнуваат нов живот.