Франција е во пламен, а Макрон на интервју се појави со часовник од 80.000 евра кој проба и да го скрие


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Состојбата во Франција е зовриена, а земјата буквално е во пламен. Демонстрантите излезени на улиците стануваат се поагресивни.

Во протестите е запалено и градското собрание на Бордо. Повеќе од еден милион луѓе излегоа на улиците низ Франција во четвртокот, од кои 119.000 во Париз, соопшти на Министерството за внатрешни работи.

Уапсени се близу 500 луѓе во демонстрациите кои беа поттикнати од легислативата со која се зголемува старосната граница за пензионирање за две години на 64 години.

Синдикатите повикаа на дополнителни протести следниот вторник, што ќе се совпадне со државната посета на кралот Чарлс III на земјата.

Тој треба да престојува токму во Бордо, каде што што синоќа изгоре влезната врата на градското собрание.

Се уште нема информации кој е одговорен за пожарот, кој брзо беше изгаснат од пожарникарите.

И додека протестите излегуваат од контрола, претседателот Емануел Макрон, уште повеќе го зголемува гневот на француската јавност со интервјуто кое го даде за FranceTV во кое ја бранеше неговата визија за пензиските реформи.

За време на интервјуто, граѓаните посебно ги вознемири еден детал кој веднаш беше објавен на социјалните мрежи, а тоа е моментот кој некои го нарекоа бизарен, каде Макрон, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигна раката и го покажа часовникот за кој некои тврдат дека чини 80.000 евра.

На видеото може да се види дека Макрон ги спушта рацете под масата среде разговорот и се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа го продолѓува интервјуто, само овој пат без часовникот на раката.

Ваквата постапка, како што утринава објавуваат француските медиуми предизвика уште поголем бес кај граѓаните, со оглед на тоа што тој зборува како жртвува за францускиот народ, а носи часовник од 80.000 евра.

Инаку, за работите да бидат уште полоши, сè се случуваше додека демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.