Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ избришан од Централниот регистар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По одлуката на министерот за правда Кренар Лога, бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола е избришан од регистерот на невладини организации и здруженија.

Во Централен регистар како правен статус е наведено „избришан“. Одлуката следеше по одбивањето на здружението на Бугари да го промени името кое, и според наодите на Комисијата за антидискриминација, создава негативни чувства кај народите во Македонија, бидејќи Иван (Ванчо) Михајлов беше соработник на фашистите и противник и негатор на македонскиот народ.

Централниот регистар постапи по одлуката дека бугарскиот клуб не го усогласил името со измените во Закоот за здруженија и фондации, кој забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнуваат и повикуваат на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Претходно, стручната Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов, посочувајќи токму на неговата историја поврзана меѓу другото и со фашизмот, а новиот министер за правда Лога изјави дека ќе постапи по препораките од Комисијата, што и го стори.